среда, 18 март 2026

Познат е патот до финалето: Три спектакуларни пресметки во четвртфиналето на ЛШ

Заврши осминафиналната фаза во Лигата на шампионите, по што познати се сите осумте екипи кои ќе се борат за европската круна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во конкуренција остануваат три шпански, две англиски и по еден претставник од Португалија, Германија и Франција, што најавува исклучително возбудлива завршница.

Најголемо внимание во четвртфиналето ќе привлече дербито меѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен, додека спектакл се очекува и во пресметката меѓу ПСЖ и Ливерпул. Ништо помалку возбудиво нема да биде и во шпанското дерби, а на хартија најлесна задача доби Арсенал.

  • Четвртфинални парови во ЛШ:

Реал Мадрид – Баерн Минхен
ПСЖ – Ливерпул
Арсенал – Спортинг
Барселона – Атлетико Мадрид

Првите натпревари од четвртфиналната фаза се закажани за 7 и 8 април, додека реваншите се на 14 и 15.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ