сабота, 7 февруари 2026

Повреда ја запре Лина Ѓорческа пред финалето во Порто

Лина Ѓорческа се откажа во полуфиналето на ИТФ турнирот од серијата В50 во Порто.

Објавено на

часот

Сподели

Иако беше во игра за финале, најдобрата македонска тенисерка принудно се откажа и се предаде во мечот против Фиона Кроули од САД. Ѓорческа не успеа да ги надмине проблемите и го заврши својот пат на турнирот во Португалија.

Во моментите пред Македонката да се откаже резултатот беше 1-0 во сетови за Американката, како и 3-0 во вториот сет.

И покрај тоа што не стигна до финалето, за Ѓорческа ова ќе бидат нови поени кои би требало да донесат напредок на ВТА рангирањето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ