сабота, 21 март 2026

Повеќе нема фудбал секој ден: Од следната сезона ПМФЛ ќе се игра само за викенд

Од следната натпреварувачка сезона 2026/27 во Првата македонска фудбалска лига ќе се игра само за викенд.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа сезона е последна со 12 клуба во елитата, од следната доаѓа до кратење и тоа ќе влијае и на термините. Сезонава згуснатиот распоред носи натпревари од ПМФЛ речиси секој ден.

Сепак, тој принцип ќе се промени следната година. Првиот човек на мак-фудбалот Масар Омерагиќ на годишното собрание на ФФМ откри дека ситуацијата ќе се смени.

Имавме ситуации со четири натпревари од Скопје во ист ден…Сега календарот е густ затоа што следува Мундијалот инаку планот е да се игра само петок, сабота и недела. Токму затоа ќе се игра само викенд и еден или два натпревари сигурно ќе бидат ноќни. Можеби до некаде е тоа причината за малиот број на публика, меѓутоа не е главното затоа што немаше навивачи и минатите години. Наше е да работиме на начин на кој мислиме дека е исправно и да се надеваме дека ќе се полнат трибините. Од наредната сезона кога ќе бидат десет клубови, планот е да се игра само во викендите. Ќе има пет натпревари и ќе можат да се распоредат во повеќе термини вклучувајќи и мечеви под рефлектори“, нагласи претседателот на ФФМ.

Оваа година во ПМФЛ едно коло знае да трае од петок до вторник, но тоа повеќе нема да биде случај во иднина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ