Мартин Томовски беше херој во тој последен напад на Португалците, имаше две големи одбрани. При неговата последна одбрана топката дојде до Серафимов кој наместо лесно да ја фати, ја испушти и ѝ подари уште еден напад на Португалија.
Доколку Серафимов ја фатеше топката, Македонија ќе имаше шанса за победа. Нашиот ракометар во тој момент сакаше да направи најдобро, но притисокот си го стори своето.






