четврток, 22 јануари 2026

Португалија со моќно прво полувреме ја победи Романија

Португалија ја оправда улогата на голем фаворит и со убедливи 40-34 ја победи Романија, мечот беше решен во првото полувреме.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во првиот меч од нашата група на Европското ракометно првенство, Португалците ја совладаа Романија.

Тие покажаа моќ во првиот дел кој го добија со фантастични 23-15 и со предност од осум гола заминаа на одморот.

Откако создадоа висока предност, како да продолжија резервирано штедејќи ги силите за Македонија. Таквата игра ѝ овозможи на Романија да ја намали негативата, конечниот резултат беше 40-34.

Франциско Коста со девет голови беше најефикасен кај Португалија, Мартим Коста постигна седум, кај Романците, Станчиук постигна осум погодоци.

Во второто коло Португалија игра против Македонија, а Романија со Данска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ