Ретко кој очекуваше дека Данска може да падне на домашен терен и тоа од Португалија со која ние одигравме нерешено. Но, Португалците денеска беа на друго ниво, одиграа максимално фокусирано и дојдоа до голем триумф.
Португалија водеше во поголемиот дел од натпреварот, особено во второто полувреме, Данците бркаа и не можеа да стигнат. На крајот се случи голема победа за гостинот.
Франциско Кошта беше најефикасен во португалската селекција, Гидсел даде осум гола кај Данците.
Португалија како прва во групата оди во следната фаза каде ќе почне со два бода, понатаму оди и Данска како втора но таму почнува од нула. Македонија е на третото место, а Романија е последна.






