Синоќешното „Ел Класико“ заврши со многу нервоза и незадоволство кај фудбалерите на Реал Мадрид, кои не можеа да го прифатат новиот болен пораз од Барселона, па бурно реагираа кај суијата Де Бургос, кој пак им покажа црвени картони на Антонио Ридигер, Џуд Белингем и Лукас Васкез.
Според шпанските медиуми, тензијата продолжила и во соблекувалната, каде дошло до неколку жестоки расправии, најгласна била онаа меѓу Лука Модриќ и Брахим Диаз.
Причината била недоразбирањето меѓу двајцата при акцијата што доведе до третиот гол на Жил Кунде, со кој Барселона стигна до победата од 3-2.
— topandgers (@topandgers) April 26, 2025
„Мораш побрзо да реагираш и да одиш на топката“ – му рекол искусниот Модриќ на својот соиграч, а Диаз одговорил: „Се обидов, ама веќе беше доцна – ме фати на контра.“
Тренерот Карло Анчелоти не сакаше да каже кој е виновен, дали Модриќ што ризикувал со додавањето или пак Брахим Диаз што ја чекал топката, само посочи дека вакви ситни детали на големи натпревари некогаш скапо чинат.