Србија и Турција одиграа интересен натпревар, со тактички надмудрувања кој на крајот го добија Турците.
Натпреварот беше неизвесен во целиот тек, ниту една селекција не направи двоцифрена предност. Во финишот од мечот Србија имаше водство од 88-84, Јовиќ пропушти шанса да зголеми и на шест поени предност.
Оттогаш па до крајот Србите дадоа само два поени, Турција девет и на крајот победија со 96-90.
Најдобар на теренот беше Шенгун со 28 поени, 13 скокови и осум асистенции, одличен беше и Ларкин со 23 поени. Во составот на Србија Јокиќ постигна 22 поени, имаше и девет скокови.
Во осминафиналето Србија ќе игра против Финска, а Турција ќе се сретне со Чешка.






