понеделник, 15 декември 2025

Поранешен играч на Реал ќе игра со Меси во Интер Мајами (ВИДЕО)

Интер Мајами промовираше ново засилување, клубот на Дејвид Бекам кој е актуелен шампион во МЛС, потпиша со Серхио Региљон.

Објавено на

часот

Сподели

Шпанскиот бек стави потпис на договор со Интер Мајами до декември 2027 година, со опција за продолжување на уште една сезона.

„Ова е многу амбициозен проект, клуб кој сака да победува и поради тоа одлучив да дојдам тука. Мојата цел е да продолжам да победувам и да се борам за трофеите заедно со тимот“, изјави Региљон.

Тој покрај Реал Мадрид играше и за Севиља, Тотнем, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед и Брентфорд.

За репрезентацијата на Шпанија собра шест настапи, а беше дел и од Светското првенство во 2021 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ