34-годишниот фудбалер кој сега настапува за Сао Паоло, се наоѓа во стабилна здравствена состојба, но уште е во болница каде му се вршат дополнителни тестови.
Според шпекулациите на бразилските медиуми, проблемот на Оскар бил посериозен и наводно му е загрозена фудбалската кариера.
Се очекува тој да се пензионира од активно играње и да му се посвети на здравјето.
Оскар се врати во бразилскиот тим во декември 2024 година, а од тогаш настапи на 27 меча во сите натпреварувања, при што постигна три гола и 11 асистенции.
Фото: ЕПА






