сабота, 12 јули 2025

Поради еден жолт картон, голманот на Удинезе може да добие четири години суспензија

Голманот на Удинезе, Мадука Окоје може да добие суспензија и до четири години откако дисциплинската комисија реши да го гони за спортска измама.

Објавено на

часот

Сподели

Мадука Окоје за еден жолт картон може да биде долго време надвор од терените – му се заканува суспензија и до четири години.

Тој подолго време е под лупа откако обложувалницата Сисал пријави невообичаени шеми на обложување откриени од нејзините алгоритми, имало ненормално голем број на облози на тоа дека голманот на Удинезе ќе добие жолт картон на гостувањето кај Лацио (натпреварот се одигра во март 2024 година).

Мадука Окоје тогаш влезе во бележникот на судијата за задржување на време, потег кој донел добивки во износ од околу 120.000 евра.

Под истрага беа и уште негови тројца пријатели, вклучувајќи и еден сопствен на пицерија во Удинезе, и сите сега ќе бидат гонети од дисциплинската комисија.

Доколку биде осуден за спортска измама, Мадука Окоје може да добие и до четири години суспензија.

25 годишниот голман, кој е репрезентативец на Нигерија и има 18 настапи во сениорскиот тим на „орлите“, се пресели во Удинезе од редовите на Вотфорд во 2023 година.

ФОТО: X/Udinese Calcio

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ