недела, 14 декември 2025

Поради еден фотограф мечот на Медведев од нормален се претвори во комплетно лудило (ВИДЕО)

Рускиот тенисер, Данил Медведев ја потврди очајната форма во која се наоѓа оваа година, откако загуби во првото коло на УС Опен од Французинот, Бенжамин Бонзи, но овој меч тешко е да се раскаже со зборови.

Објавено на

часот

Сподели

Бонзи славеше со 3-2 (6-3, 7-5, 6-7, 0-6, 6-4). Французинот можеше многу лесно да ја заврши работата во три сета, водеше со 2-0 и имаше меч-топка, но се случи момент каков ретко се гледа на големите турнири.

Го промаши првиот сервис, но еден фотограф помисли дека е крај и влезе на теренот. Судијата Грег Аленсворт му додели прв сервис на Бонзи по што Медведев полуде, почна да се расправа со судијата и со публиката, прекинот траеше шест минути, а потоа предизвика огромен пресврт. Од тој момент Медведев освои десет гема во низа и од заубена ситуација дојде до израмнување на 2-2.

И во петтиот сет повторно драма. Бонзи два пати загуби свој сервис, но во двата случаја успеа да направи рибрејк за потоа во десеттиот гем да освои сервис на Медведев и да дојде до победата која го носи во второто коло од УС Опен. Таму ќе се сретне со Гирон од САД кој го победи Навоне со 3-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ