сабота, 6 декември 2025
БИТКАТА ЗА ТИТУЛАТА ВО ФОРМУЛА 1 МОЖЕ ДА ДОБИЕ ДРАМАТИЧНА ЗАВРШНИЦА

Полноќна драма во Лас Вегас: Норис и Пјастри пред дисквалификација!

Ландо Норис и Оскар Пјастри се пред дисквалификација од ГН на Лас Вегас, подлогата на нивните болиди не ја поминаа контролата на ФИА.

Објавено на

часот

Сподели

На две трики до крајот, битката за титулата во Формула 1 може да добие драматична завршница и Макс Ферстапен сериозно да се замеша за првото место.

Во Лас Вегас се случи полноќна драма и се укажува на тоа дека Ландо Норис и Оскар Пјастри се пред дисквалификација.

Болидите на Мекларен не ја поминаа контролата на ФИА, спорна е долната подлога, која е под пропишаната граница од 9 милиметри.

Без разлика кое ќе биде оправдувањето од страна на Мекларен, се очекува одлуката да биде онаа најстрога, бидејќи болидите биле пониски, а со тоа побрзи во свиоците и на правците.

Во таква ситуација, Норис и Пјастри се здобиле со предност што другите тимови би ја сметале за нефер.

Сега се очекува конечната одлука на ФИА, но се чини дека шансите на Макс Ферстапен за одбрана на титулата драстично ќе пораснат.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ