Илјадници фанови ги пречекаа Хрватите на аеродормот во Загреб, а не се знаеше дали тие ќе се качат на бината на плоштадот за да ја поздрават уште побројната публика.
Ракометарите имаа поставено ултиматум, на прославата да им пее националистичкиот пејач Томпсон, во спротивно нема да се појават.
Градоначалникот на Загреб одби да го исполни тоа. Тој има став дека додека тој е на функција, Томпсон нема да пее на било што организирано од градот.
Во меѓувреме се понудија други хрватски градови да ги пречекаат ракометарите и да им ја исполнат желбата за настап на Томпсон, но тие одбија.
Работата во свои раце ја презема владата на Хрватска која одлучи таа да го организира пречекот на ракометарите. Тој ќе се случи денеска во 18 часот, а Томпсон сепак ќе пее.






