вторник, 30 декември 2025

Полицијата ја откри причината за сообраќајката во која беше повреден Џошуа

Нигериската полиција ги објави причините поради кои настанала сообраќајната несреќа која беше фатална за двајца блиски соработници на Џошуа, а британскиот боксер беше повреден.

Објавено на

часот

Сподели

Легендарниот боксер во несреќата за „влакно“ избегнал смрт, меѓутоа се здоби со повреди. Во несреќата животот го загубија неговите блиски пријатели и соработници, Латиф Ајоделе и Син Гами.

Командирот на полицијата во Нигерија изјави дека „Лексусот“ во кој се возел Џошуа ја изгубил контролата откако пукнала гума при голема брзина.

Џошуа преживеал затоа што седел на левата страна од возилото, додека возачот завршил на интезивна нега.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ