Квалификациите беа возбудливи, летечкиот Холанѓанец беше на првото место само неколку моменти пред Норис да го помести на втората позиција.
На третото место заврши Саинц, до него ќе стартува Расел, а во топ десет беа и Пјастри, Лаусон, Хаџар, Леклер и Гасли.
Условите на дождот во Лас Вегас беа исклучително тешки, по трката тоа најдобро го пренесе Норис.
„Беше проклето стресно. Беше прилично гадно, веројатно едни од најлошите услови, ако не и најлошите. Беше многу лизгаво, многу тешко“, изјави Норис по квалификациите.
Неговото мислење го делеше и Макс Ферстапен.
„Беше навистина лизгаво, не забавно. Не ми пречи да возам по влажно, но ова беше премногу за мене. Мора да се биде исклучително внимателен и искрено сум изненаден што немаше премногу инциденти. Сите беа внимателни, можеби се плашеа“, рече Ферстапен.
Временската прогноза е добра, дождот во Лас Вегас кој врне речиси цела недела, се очекува да престане пред трката.






