сабота, 12 јули 2025
Го држеа под закана со пиштол

Погба во Монако ќе дели соблекувална со роднина на едно од лицата кои го уценуваа за 13 милиони

Пол Погба синоќа потпиша со Монако, фудбалерот од средниот ред му се враќа на фудбалот по суспензијата од 18 месеци за паднат допинг тест, а во соблекувалната ќе има чудна ситуација.

Објавено на

часот

Сподели

Пол Погба беше суспендиран во септември 2023 откако падна на допинг тест, во прв момент доби казна од четири години и многумина му предвидуваа крај на кариерата.

Сепак, Французинот издвојува голема битка пред Судот за спортска арбитража, казната му беше намалена на 18 месеци, и тој доби зелено светло да се врати на терените во март месец оваа година.

Изминатиов период се поврзуваше со многу клубови, а на крајот тој реши да го одбере Монако, вчера стави потпис на двегодишен договор со клубот од малото кнежевство.

Интересно, Пол Погба во Монако ќе игра со роднина на едно од лицата кои го киднапираа и уценуваа за 13 милиони евра.

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Јувентус беше жртва на обид за киднапирање во 2022, шест лица го држеа под закана со пиштол и барале 13 милиони евра.

Меѓу лицата кои беа осудени за овој настан е извесен Мамаду, кој доби затворска казна од пет години.

Негов братучед е дефанзивецот Сунгуту Магаса, кој сега ќе дели соблекувална со Пол Погба.

ФОТО: X/AS Monaco EN

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ