четврток, 2 април 2026

Почнаа промените во Италија: Претседателот Гравина и легендарниот Буфон поднесоа оставки

Катастрофата и фактот дека третпат во низа останаа без место на Светското првенство доведе до промени во врвот на федерацијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Габриеле Гравина поднесе оставка од функцијата претседател на ФИГЦ и повеќе нема да биде на чело на италијанскиот фудбал. Тој на функцијата дојде во 2018 година, па по осум минати на врвот реши дека е време да се повлече. Новиот претседател ќе биде одбран во јуни.

Освен него, за сите Италијанци поболно е повлекувањето на најдобриот голман кој некогаш бранел во оваа земја (можеби и во светот), Џанлуиџи Буфон. Легендата беше шеф на италијанската делегација, а од морални причини реши да се повлече по истиот потег на првиот човек Гравина.

Последниот голман кој бранел на еден Мундијал за „аѕурите“ се повлече и покрај тоа што е многу популарен во јавноста.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ