Пред две недели Луческу како селектор ја предводеше Романија во баражот против Турција, неговата репрезентација го загуби мечот, а потоа стратегот доби срцев удар.
Откако се опорави од првиот срцев удар, доби и втор по што беше ставен во вештачка кома. За жал срцето на Луческу не издржа и денеска стигна информацијата дека тој починал.
Луческу на двапати беше селектор на Романија, а еднаш ја предводеше и Турција. Тој во кариерата беше тренер на Интер, Бреша, Пиза, Рецијана, Галатасарај, Бешикташ, Шахтар, Зенит, Динамо Киев…
Важи за еден од најтрофејните тренери, особено успех имаше со Шахтар кога имаше тотална доминација во украинскиот фудбал.






