Илија Темелковски целиот живот го посвети на ракометот, тој е легенда на Пролет, а ги водеше и Работник и Струга. Како селектор на Македонија го освои 11. место на Светското првенство 2009 година. Со младинската селекција го освои четвртото место на Европското првенство во 2002 година, а во 2017 шестото место на младинското Светско првенство.
Погребот е утре (14.10.2025) во 11:30 часот – Градски гробишта Бутел (капела).






