понеделник, 15 декември 2025

Почина Хулк Хоган, најславниот кечер во светот

На 71-годишна возраст почина кечерската легенда, Хулк Хоган, пренесуваат американските медиуми.

Објавено на

часот

Сподели

Причина за неговата смрт бил срцев застој, неговата сопруга Скај веднаш повикала итна помош, но докторите не можеле да му помогнат. Пред само неколку недели таа тврдеше дека нејзиниот сопруг има силно срце и нема никакви здравствени проблеми.

Хулк Хоган својата најголема слава ја доживеа во 80. и 90. години од минатиот век кога беше едно од заштитните лица на кечерите во САД.

Тој учествуваше и во неколку холивудски филмови, најголемата улога ја имаше во третиот дел од Роки.

Хоган беше активен и во политичките кампањи, му даваше поддршка на актуелниот претседател Доналд Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ