четврток, 19 март 2026

Почина газдата на Комо, еден од најбогатите луѓе во светот

Мајкл Банбанг Хартоно почина на 87 години, тој беше еден од сопствениците на хитот во Серија А, Комо.

Објавено на

часот

Сподели

Хартоно беше индонезиски бизнисмен кој заедно со својот брат беше мнозински сопственик на Комо кој оваа сезона игра фантастично и е во местата кои водат во Лигата на шампионите.

Тој беше еден од најбогатите луѓе во светот, неговото водство според Форбс 2024 беше проценето на 25 милијарди долари. Според таа листа тој беше 76. најбогат човек на светот, а неговиот брат Роберт на 69. место.

Хартоно го презема Комо во 2019 година кога тимот беше во италијанската четврта лига. Под негово власништво тимот влезе во Серија А и оваа сезона е еден од најдобрите.

„Длабоко сме ожалостени од веста за смртта на Мајкл Бамбанг Хартоно. Клубот изразува најдлабоко сочувство до семејството Хартоно. Под нивно водство, отворивме ново поглавје во нашата историја. Клубот ќе го памети и почитува засекогаш“, се вели во соопштението од Кома.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ