вторник, 16 декември 2025

Почина еден од најважните тренери на Ѓоковиќ и легенда на југословенскиот тенис

На 86-годишна возраст, утринава во Ријека почина славниот хрватски и југословенски тенисер и тренер, Никола Пилиќ.

Објавено на

часот

Сподели

Никола Пилиќ меѓудругото важеше и за еден од тренерите кои беа најважни за она што денеска е Ѓоковиќ. Србинот неколкупати има изјавено дека Пилиќ заедно со Јелена Генчиќ имаат огромен придонес за неговата кариера, особено во почетоците.

Пилиќ е исклучително значаен и за светскиот тенис, тој ги удри темелите на АТП и почна промени кои доведоа до професионализација на овој спорт. Како активен тенисер, освои 16 АТП титули (пет во сингл и 11 во двојки), а ја претставуваше Југославија на Медитерански игри и на Универзијади. Најголемиот успех во поединечна конкуренција му беше финалето на „Ролан Гарос“ во 1973 година каде загуби од Илие Настасе.

Многу поуспешен беше како тренер бидејќи пет пат триумфираше во Дејвис купот, три пати со Германија и по еднаш со Хрватска и Србија.

Фото: EPA photo

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ