среда, 21 јануари 2026

Победата и ремито носат придобивки: Македонија ќе игра еден бараж за СП и во него ќе биде носител

Ракометната репрезентација на Македонија дефинитивно го заврши настапот на Европското првенство на 14 позиција.

Фото: Ракометна федерација на Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Со победа, реми и пораз нашата селекција заврши со три бода, а пред нас од елиминираните третопласирани во групната фаза се само Фарските Острови кои имаа подобра гол-разлика. Овој пласман ни донесе и други придобивки, особено за баражот за следниот Мундијал.

Доколку не се пласиравме на третата позиција во групата или ако бевме меѓу двете најслаби третопласирани ќе бевме во подредена улога.

Вака, Македонија за следниот Мундијал ќе игра само еден бараж и тоа ќе биде носител, додека на пример Чешка и Италија како третопласирани ќе бидат во вториот шешир.

Прв шешир: Десет селекции од ТОП16 без четирите полуфиналисти, Германија како домаќин и Данска како светски првак: Хрватска, Шведска, Норвешка, Португалија, Исланд, Унгарија, Швајцарија, Шпанија + Фарски Острови, Македонија, Холандија, Австрија

Втор шешир: Чешка, Италија, Босна и Херцеговина/Косово, Грузија/Израел, Украина/Словачка, Србија/Литванија, Полска/Летонија, Грција/Белгија, Финска/Црна Гора, Турција/Романија

Баражите за Светското првенство се играат во мај годинава, а ждрепката ќе се одржи на 31 јануари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ