недела, 8 јуни 2025

Победа за Ѓорческа, елиминација за Ивановски

Двајцата најдобри македонски тенисери, Лина Ѓорческа и Калин Ивановски имаа различен успех на турнирите на кои настапуваат.

Објавено на

часот

Сподели

Лина Ѓорческа славеше сигурна победа со 6-4 и 6-1 над Андреа Обрадовиќ на турнирот во Куршумлинска Бања.

Калин Ивановски по голема борба која траеше два часа и 44 минути беше поразен од Португалецот, Тиаго Переира со 2-1 во сетови на турнирот во Бол, Хрватска.

Македонскиот тенисер одлично го почна мечот и го доби првиот сет со 6-3, во вториот по голема борба во тајбрејк загуби со 7-6. А во третиот решавачки сет Португалецот беше подобар со 6-4.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ