сабота, 7 јуни 2025

Победа на Ѓорческа за пласман во полуфинале во Куршумлијска бања

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа се пласираше во полуфиналето на турнирот во Куршумлијска бања откако со 2-1 во сетови ја совлада Русинката, Анастасиа Золотарева.

Објавено на

часот

Сподели

Лина лошо тргна во мечот кој траеше два часа и десет минути, но со пресврт успеа да стигне до победата.

Ѓорческа го загуби првиот сет со 6-4, вториот го доби со убедливи 6-2 и израмни на 1-1. Во третиот, решавачки сет, беше подобра со 6-4 и ја заокружи победата од 2-1.

Македонската тенисерка која е втора носителка на турнирот, во утрешното полуфинале ќе игра против Куламбајева од Казахстан која е четврта носителка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ