Домашните навивачи беа агресивни кон гостите, еден од нив го скрши и стаклото од соблекувалната на Шкендија. Полицијата спречи посериозен инцидент. Дополнително за време на мечот имало и националистички скандирања.
„Победа се казнува со четири натпревари без публика на домашен терен и со парична глоба од 3.000 евра, поради навредливо скандирање на национална основа, истакнати транспаренти со навредлива содржина, оштетување на објектот на гостинската екипа и загрозување на безбедноста на фудбалерите на гостите“, стои во одлуката на Дисциплинската комисија.
Од Министерството за внатрешни работи дополнително информираа дека лицето кое го предизвика инцидентот е идентификувано и приведено.






