Поради напорниот пат селекторот Кирил Лазаров им даде на ракометарите слободно попладне, откажувајќи го закажаниот прв тренинг.
Сепак, веќе денес на програмата се дури два. Репрезентативците утрово работеа во фитнес центар во Силкеборг и се вратија во ритам. За вечерва е планиран и тренинг в сала, а во следните денови ќе се одигра пријателски натпревар против екипата на Мидтјиланд.
Првиот натпревар на Европското првенство нашата селекција го игра в петок од 20:30 часот против домаќинот Данска.






