вторник, 7 април 2026

По стапките на својот татко: Ќерката на Модриќ освои трофеј со Милан (ФОТО)

Ема Модриќ, 12-годишната ќерка на Лука Модриќ тргна по стапките на својот татко и го освои својот прв трофеј во академијата на Милан во генерацијата за девојчиња до 13 години.

Објавено на

часот

Сподели

Во финалето на Гаринo купот нејзиниот тим славеше со 2-0 против Интер и стигна до шампионската титула. Ќерката на Модриќ беше една од најдобрите на турнирот, успеа да се запише и во листата на стрелци во четвртфиналето.

„Газета дело спорт“ пишува и дека хрватскиот ветеран го следел настапот на својата ќерка преку Фејсбук, бидејќи имал клупски обврски. Неговиот Милан истиот ден играше дерби во Неапол, каде што загуби со 1-0.

Освојувањето на трофејот на Ема го проследиле и останатите деца на Модриќ, Ивана и Софија. Новинарот на „Газета“, Лука Бјанкини, објави фотографија од младата фудбалерка, потенцирајќи дека таа ја има истата насмевка како и нејзиниот татко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ