Уште во првото полувреме се повреди Иван Џонов, ракометарот на Алкалоид кој во моментот беше наше единствено лево крило, бидејќи претходно се повреди и Петар Атанасијевиќ. До крајот на мечот на таа позиција од бековската линија беше прекомандуван Павле Атанасијевиќ, но селекторот Кирил Лазаров мораше да реагира.
Дополнителен повик доби Гоце Ојлески, ракометар кој беше на резервниот список на Македонија.
Играчот на Охрид се очекува денес да допатува во Хернинг и да му се стави на располагање на Лазаров, па утре да настапи против Романците.






