недела, 14 декември 2025

По повеќе од три децении во Битола игра македонска репрезентација, ни гостува Италија (ВИДЕО)

Битола конечно направи стадион на кој ќе може да се играат европски натпревари од повисок ранг, а прв таков меч е денешниот дуел меѓу младинските селекции на Македонија и Италија.

Објавено на

часот

Сподели

Битолчани многу ретко биле домаќини на македонска репрезентација. На 11 октомври 1994 година во Битола гостуваше селекцијата на Шпанија до 21 година.

Со убав гол на Оскар Гарсија тогаш Шпанците победија со минимални 1-0.

За Македонија У21 на тој меч настапија: Грујоски, Капинковски, Николовски, Герасимовски, Васевски, Ангелов, Захариевски, Ѓорѓиоски, Михајлов, Шаќири, Христов (замени: Шаиноски, Беќири)
селектор: Јово Никушев

Денеска со почеток од 18:15 часот Македонија У21 во Битола е домаќин на Италија во рамките од второот коло од квалификациите за Европското првенство.

Македонија го загуби првиот меч од Полска со 3-0, Италија ја совлада Црна Гора со 2-1.

Еве како изгледа реновираниот стадион во Битола на кој ќе се игра натпреварот:

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ