Алкараз одлично го почна мечот, првиот сет го доби со 6-4, а во вториот се играше тајбрејк во кој беше подобар со 7-5.
Но, следуваа проблеми поради кои еден час едвај се движеше. Шпанецот имаше грчеви во третиот сет кои му го отежнуваа мечот, но не се предаваше.
Зверев ја искористи ситуацијата и ги доби третиот и четвртиот сет по голема битка. Во двата сета се играше тајбрејк. Германецот беше подобар со 7-3 и 7-4 израмнувајќи на 2-2 во сетови.
Во петтиот решавачки сет при 4-4, Алкараз направи брејк, и го доби сетот со 6-4, по што ја комплетираше победата од 3-2 во сетови.
Мечот траеше 5 часа и 26 минути и е најдолгото полуфинале на Австралија опен.
Алкараз првпат ќе игра финале на Австралија опен, а за пехарот ќе се бори со подобриот од мечот меѓу Синер и Ѓоковиќ.






