Барселона се враќа на „Камп Ноу“ по пауза од две ипол години, момците на Ханси Флик во сабота ќе го пречекаат Атлетик Билбао во рамките на 13. коло во Ла Лига.
На 7. ноември, „каталонците“ одржаа отворен тренинг на „Камп Ноу“, тестот беше успешен, па добиени се потребните документи за да се игра фудбал на реновираниот стадион.
„Сонувавме за враќање, сега сме тука. Се вративме дома, се вративме на „Спотифај Камп Ноу““ – гласеше известувањето на социјалните мрежи.
Но за почеток на трибините ќе има 45.401 гледачи, и ќе поминат месеци за целосно да заврши реконструкцијата и стадионот да оперира со капацитет од 105.000 гледачи.
ФОТО: EPA






