вторник, 20 јануари 2026

По две децении нема место за Леброн во стартна петорка на НБА ол-стар

Изминатата вечер беа објавени стартните петорки за НБА олстар натпреварот. Навивачите гласаа врз основа на впечатоците од првата половина од сезоната, но за разлика од претходните години, НБА ги вклучува и гласовите на играчите и тренерите.

Објавено на

часот

Сподели

Овогодишниот спектакл ќе се одржи на 15 февруари во Лос Анџелес, во „Интуит Доум“, новата арена на ЛА Клиперс.

За Источната конференција како стартери ќе настапат: Јанис Адетокумбо, Џејлен Брансон, Кејд Канингем, Тајрис Макси и Џејлен Браун. За Канингем, Макси и Браун ова ќе биде прв настап во стартната петорка на еден олстар натпревар.

Што се однесува до Западот, стартери ќе бидат Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Шеј Гилџес-Александер, Стеф Кари и Виктор Вембањама, кој за првпат е избран меѓу стартните пет. Францускиот кошаркар успеа да ја добие битката со Ентони Едвардс од Минесота.

Леброн Џејмс за првпат по 20 годии нема да го започне олстар натпреварот, а останува да се види дали ќе биде избран помеѓу резервите. Треба да се каже и дека настапот на Јокиќ е под знак прашалник поради повреда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ