Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска
манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци,
средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во
24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот
на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата
претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што воочи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја
прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на
упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на
храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу
успеси,“ рече Коњановски.





















