Заедно со Тудор, од стручниот штаб заминуваат и тренерот на голманите Томислав Рогиќ, како и кондициониот тренер Рикардо Рагначи. Од клубот му се заблагодарија на триото за ангажманот во изминатиот период, потенцирајќи дека работеле посветено во тешки услови.
Хрватот ја презеде екипата во февруари, но не успеа да го сопре падот во формата. Тотнем моментно се наоѓа на 17. позиција во Премиер лига со 30 бодови, само еден повеќе од зоната за испаѓање.
Во својот краток мандат на клупата на „петлите“ Тудор загуби од Арсенал, Фулам, Кристал Палас, Атлетико Мадрид и Нотингем Форест, ремизира со Ливерпул, а тимот го победи Атлетико во реваншот.
Кратката епизода на Тудор во Лондон завршува без посакуваниот ефект, а Тотнем ќе мора да бара ново решение за спас на сезоната.






