Тиквеш беше убедлив и го декласираше Арсими со 0-5 (0-3) и тоа како гостин. Кавадарчани поведоа уште во првата минута со голот на Мартин Стојанов, а бргу потоа удвои Муса Гуел. До полувремето стрела и Лусианињо за 0-3. Во продолжението Арсими не успеа да се наметне, а тоа го казнија Сила и Голубов за комплетирање на дебаклот.
Македонија Ѓорче Петров со 3-1 го совлада Работнички. Иако „романтичарите поведоа со голот на Мартин Талаков, тоа беше се што прикажаа. Али Адем и Филип Стојчевски во првиот дел креираа пресврт, а потоа Стеван Николиќ стави точка на победата на домашните.
На табелата Тиквеш е шестопласиран со 27 бода, Арсими има 26 на осмото место, па следуваат „лавовите“ со 23, а Работнички е претпоследен со 13.






