недела, 14 декември 2025

Платеници тепаа луѓе на Маракана кои скандираа против Вучиќ (ВИДЕО)

Вчера трагично беше на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград, она што се случуваше на мечот против Англија на теренот и на трибините ја отсликува актуелната ситуација во Србија.

Објавено на

часот

Сподели

Србија со 5-0 загуби од Англија, но тоа не беше единственото лошо за Србите на натпреварот. На трибините уште еднаш беше отсликана поделеноста на народот, желбата на мнозинството за промени во Србија и силеџии кои се обидуваат на сила да го замолкнат неистомислениците.

Српските навивачи веќе долго време скандираат против претседателот Александар Вучиќ, така беше и вчера. Но, овојпат тој имаше свои тепачи-платеници кои седеа на долните редови на трибината и се пуштија на оние кои скандираа против претседателот.

Сцените беа страшни, имаше луѓе со деца кои бегаа за да се евакуираат, полицијата само гледаше, не реагираше на она што се случува, оставајќи ги силеџиите да воспоставуваат ред на трибината.

Но, и покрај тоа, во текот на сите 90 минути на стадионот ечеа скандирања и против Александар Вучиќ и против селекторот Драган Стојковиќ – Пикси.

Багабонтите освен што внесоа немир и повреди кај дел од присутните, не успаа да влијаат на ставот на луѓето кои беа на стадионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ