петок, 5 декември 2025

Пјастри најбрз на спринтот во Катар

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри беше најбрз на спринтот кој денеска се возеше во Катар, зад себе ги остави Џорџ Расел од Мерцедес и својот колега Ландо Норис.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На Пјастри му лежи патеката во Катар, тој трета година по ред триумфира на овој спринт. Оваа победа му донесе осум бода со што ја намали предноста на Норис во генералниот пласман.

Бранителот на титулата, Макс Ферстапен го освои четвртото место.

Норис на две трки до крајот има 22 бодови повеќе од Пјастри и 25 од Ферстапен.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ