недела, 7 декември 2025
Драматичен финиш на сезоната

Пирова победа на Ферстапен, Норис се радува на првата титула во Формула 1 (ВИДЕО)

Макс Ферстапен триумфираше на трката во Абу Даби, но Ландо Норис стигна до место на пиедесталот што му беше доволно за прва титула во Формула 1.

Објавено на

часот

Сподели

Ландо Норис стави крај на доминацијата на Макс Ферстапен, кој четири сезони по ред ја освојуваше титулата во Формула 1.

Холанѓанецот денеска го заврши својот дел од работата и прв мина низ целта во Абу Даби, но победата беше пирова.

Ландо Норис стигна до место на пиедесталот што му беше доволно да го задржи лидерското место на табелата и да стигне до првата титула.

Возачот на Мекларен мораше да се помачи малку за да стигне до овој голем успех, рано влезе во бокс кога прв пат менуваше гуми, па мораше да се справи со неколку болиди, помеѓу кои и Јуки Цунода, тимскиот колега на Макс Ферстапен.

Токму ова претекнување се покажа како најкомплексно, Ландо Норис беше истуркан од патеката, но на крајот се добро се заврши за Британецот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ