понеделник, 15 декември 2025

Пикси со емотивно писмо се збогува од репрезентацијата на Србија

Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Србија ја прифати оставката на Драган Стојковиќ – Пикси и тој веќе и официјално не е селектор на српската фудбалска репрезентација.

Објавено на

часот

Сподели

Откако разделбата беше официјализирана, Пикси со емотивно писмо се збогува од националниот тим.

„По четири и пол години, повеќе не сум на позицијата селектор на А-репрезентацијата на Србија. Прво, сакам искрено да му се заблагодарам на Фудбалскиот сојуз на Србија за довербата што ми ја покажа, беше чест и голема привилегија да ја водам репрезентацијата на мојата земја. Заедно успеавме да постигнеме историски резултат и, по 24 години, да поврземе две големи натпреварувања, односно Светското првенство и Европското првенство. Успеавме да ја постигнеме целта што си ја поставив како тренер. Секогаш ќе ги паметам сцените од Лисабон, бидејќи тоа е еден од најубавите моменти во мојот живот и еден од најголемите успеси на српскиот фудбал во поновата историја“, напиша Стојковиќ.

Стојковиќ ја презеде Србија во 2021 година и ја одведе на две големи натпреварувања, Светското првенство во Катар и Европското првенство во Германија. И покрај критиките во последниот период, тој ќе остане запаметен како човекот кој успеа да ја врати репрезентацијата на најголемата сцена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ