Пикси изрази сочувство до семејствата на загинетите во пожарот во Кочани, а предложи и одигрување на хуманитарен натпревар меѓу Србија и Македонија од кои би се собрале средства за настраданите.
„Би сакал да изразам сочувство до семејствата на жртвите. Ќе предложам Фудбалскиот сојуз на Србија да го контактира македонскиот сојуз за евентуално организирање пријателски натпревар од хуманитарен карактер“, рече Пикси на денешната прес-конференција пред дуелите на Србија со Австрија во баражот за опстанок во А дивизијата од Лигата на нации.






