Митровиќ дојде до бројка од 62 погодоци за националниот тим, а по крајот на мечот доби подароци по повод големиот јубилеј.
Покрај подароците доби и пофални зборови од селекторот Драган Стојковиќ – Пикси.
„Ова беше вечер на Александар Митровиќ кој влезе во легендите. Вака се влегува во вистински легенди. Тука има многу лажни легенди, но тој е вистинска. Митровиќ одигра 100 натпревари за Србија и кога на тој јубилеј ќе дадете три гола, тоа е импресивно“, рече Пикси.
Фото: Fudbalski savez Srbije