сабота, 21 март 2026

Пет милиони евра исчезнале од ФФМ во последниот месец на Сејдини, имало и 30.000 „фиктивни“ фудбалери

Фудбалската федерација на Македонија го одржа редовното собрание на кое имаше повеќе точки на дневниот ред.

Објавено на

часот

Сподели

Во обраќањето на првиот човек во мак-фудбалот Масар Омерагиќ беа откриени шокантни детали за претходното раководство на федерацијата. Имено, во последниот месец од работењето Омерагиќ откри дека „исчезнале“ пет милиони евра.

Во период од само еден месец, од ноември до декември 2024 година, еден месец пред да ја преземеме функцијата, потрошени се околу 5 милиони евра од средствата наменети за развој на фудбалот. Пет милиони евра. За еден месец. Ние затекнавме таква состојба и не побаравме алиби. Почнавме да воведуваме ред. Само трошоците за хотелски, чартер летови и авионски карти ги намаливме за повеќе од еден милион евра. Секој денар гледаме каде оди. Затоа што овие средства не се ничии приватни, тие се на фудбалот“, откри претседателот Омерагиќ.

Освен тоа, тој откри дека во времето на Муамед Сејдини како претседател се работело со фиктивни фудбалери. Имено, на пререгистрацијата која последна беше направена од минатото раководство биле регистрирани 44.996 фудбалери, додека на истиот процес сега со новата управа има само 14.210.

После 15 години, конечно ставаме крај на еден застарен, нефункционален систем и воведуваме ред. Статут изработен со УЕФА и ФИФА, кој не остава простор за импровизации. Да бидеме искрени, досега не зборувавме за реален фудбал, туку за бројки што не постојат. До последната пререгистрација биле регистрирани 44.996 фудбалери во машка конкуренција. После пререгистрацијата бројот на машки фудбалери е 14.210. Во следниот период ќе се утврди точната бројка и во женска конкуренција. Тоа не е мала грешка. Тоа е системска манипулација. Со новиот Статут, тоа завршува. Нема повеќе клубови што постојат само на хартија. Нема повеќе лажни записници. Нема повеќе фиктивен систем“, рече првиот човек на мак-фудбалот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ