среда, 10 декември 2025

Пешиќ го соопшти конечниот список со кој Србија ќе го нападне златото на Евробаскетот

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Србија, Светислав Пешиќ денеска го соопшти конечниот список на 12 кошаркари на кои ќе смета за Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Србија со Никола Јокиќ во составот важи за главен фаворит за златниот медал од европскиот шампионат.

А, покрај Јокиќ на списокот се уште и Алекса Аврамовиќ, Стефан Јовиќ, Василије Мициќ, Богдан Богдановиќ, Марко Гудуриќ, Огњен Добриќ, Вања Маринковиќ,Филип Петрушев, Никола Јокиќ, Никола Милутинов и Тристан Вукчевиќ.

„Секогаш по крајот на припремите доаѓа најтешката задача за еден селектор. Тренерот е тука да носи одлуки и да преземе одговорност. Сега беше навистина тешко да се донесе одлука кои 12 кошаркари ќе одат на Европското првентво. Разговарав со оние кои не одат и тие прифатија дека тимот е над сите. Тројцата кои не одат (Топиќ, Копривица и Давидовац) се одлични момци и горд сум на нив“, изјави Пешиќ.

Европското првенство стартува на 27 август и ќе се игра до 14 септември во Летонја, Финска, Полска и Кипар.

Фото: Košarkaški savez Srbije/FB

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ