четврток, 8 јануари 2026

Пешевски: Во Швајцарија фокусот го ставаме на играта, резултатите не се важни

Македонската ракометна репрезентација од денеска се наоѓа во Винтертур, Швајцарија, каде што од утре го почнува настапот на пријателскиот турнир кој ќе биде последен подготвителен настан пред патувањето за Данска на Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Утре (четврток) Македонија ќе игра против селекцијата на Бахреин, а изјава за македонските медиуми даде Жарко Пешевски.

„По секое вакво тешко патување, кратко е времето за одмор, но ние максимално се подготовивме за овој тренинг и се надевам дека ги исполнивме барањата на селекторот. На турнирот ќе играме против репрезентации кои многу ги респектираме и овие дуели сигурно добро ќе ни дојдат да се подготвиме за Европското првенство“, вели Пешевски.

„Бахреин е репрезентација за почит, но ние си имаме свои планови. Резултатот не е важен, фокусот е на играта, ќе се обидеме да ги намалиме сите недостатоци со цел да бидеме подобри во натпреварите кои следат“, додаде македонскиот пикер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ