Тој е назначен за амбасадор на кошаркарскиот клуб Игокеа. Информацијата ја потврди генералниот менаџер на клубот, Игор Додик, кој истакна дека присуството на Антиќ ќе има големо значење за клубот и неговата спортска заедница.
„Неговата харизма, професионализам и спортски дух ќе бидат силна инспирација за секој што е дел од нашата заедница“, напиша Додик.
Антиќ зад себе има богата играчка кариера, а по пензионирањето беше активен и во спортската администрација. Тој до пред нешто помалку од една година беше претседател на Кошаркарската федерација на Македонија.
Сега Перо Антиќ е пред нов предизвик и амбасадорска улога на босанскиот клуб.






