недела, 1 февруари 2026

Перфектен крај за Гидсел: Најдобар стрелец на ЕП и МВП на турнирот

Матиас Гидсел стана апсолутен рекордер и човек со најмногу голови на едно Европско првенство.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Данскиот бек го заврши шампионатот со 68 погодоци зад своето име, со што го надмина и Сандер Сагосен кој остана со 65 погодоци. На третото место се проби и Симон Питлик кој запре на 64 гола на турнирот, а четвртопласиран е сега Кирил Лазаров со 61 од ЕП 2012.

Гидсел имаше перфектен ден, бидејќи освен подвигот и трофејот, го доби и МВП признанието на турнирот. Покрај тоа, беше утврден и идеалниот тим на турнирот.

Најдобар тим на ЕП 2026:

Голман: Андреас Волф (Германија)
Лево крило: Аугуст Педерсен (Норвешка)
Лев бек: Симон Питлик (Данска)
Среден бек: Гисли Кристијансон (Исланд)
Десен бек: Франциско Коста (Португалија)
Десно крило: Марио Шоштариќ (Хрватска)
Кружен напаѓач: Јоханес Гола (Германија)
Најдобар дефанзивец: Салвадор Салвадор (Португалија)
Најдобар млад играч: Франциско Коста (Португалија)
МВП: Матијас Гидсел (Данска)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ