недела, 13 јули 2025
Доминира како во старите добри времиња

Перфектен ден на Маркез во Муџело: Рекорден круг, пол број 100 и победа во спринтот

Марк Маркез имаше перфектен дел на ГН на Италија, го извозе најбрзиот круг во историјата во Муџело, стигна до пол-позицијата број 100, а потоа триумфираше во спринт трката пред Алекс Маркес и Франческо Бањаја.

Објавено на

часот

Сподели

Марк Маркез оваа сезона доминира како во старите добри времиња, а така беше и денеска на ГН на Италија.

Конкурентите можеби му покажаа заби во квалификациите, но тој со време од 1:44.169 го извозе најбрзиот круг во историјата во Муџело и стигна до пол-позиција, која беше јубилејна 100-та во неговата кариера.

Слично беше и во спринт трката, поради лошиот старт назадуваше неколку места, но брзо влезе во ритам, некој не можеше да го следи неговото темпо па стигна до победа пред Алекс Маркез и Франческо Бањаја.


ФОТО: X/MotoGP™

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ