понеделник, 8 декември 2025

Пелистер водеше и пет разлика, на крајот загуби од ГОГ во Лигата на шампионите

ГОГ го расипа роденденот на навивачката група „Чкембари“ откако го победи Пелистер среде Битола со 31-28, македонскиот шампион одлично го почна натпреварот, но лошо го заврши.

Објавено на

часот

Сподели

Во третото коло од Лигата на шампионите Пелистер ја бркаше втората победа, но не успеа да дојде до неа. ГОГ беше противник кој можеше да се победи, но работите не се одвиваа како што сакаше македонскиот тим.

Пелистер фантастично го отвори мечот, имаше водство од 9-4 и 10-5, но потоа предноста почна да се топи. Следуваа минути на ГОГ, па на полувремето се замина со нерешени 14-14.

Во вториот дел ГОГ почна со серија од 5-1, поведе со 19-14. Пелистер ја бркаше негативата до крајот на натпреварот, но не ја стигна. Гостите си заминуваат со триумф од 31-28.

Голманите на Пелистер немаа свои ден, Митревски и Хеидарирад имаа вкупно шест одбрани, по три двајцата. Најефикасен кај битолчани беше Манасков со девет голови. Незадржлив во составот на ГОГ беше Бјере кој реализираше 13 голови од исто толку шутеви.

Наредниот меч во Лигата на шампионите за Пелистер е на 8 октомври на гостински терен кај Висла Плоцк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ